Познати саатниците за Ф4 турнирот во Купот на Македонија

Викендов во Битола треба да се играат финалните натпревари од машкиот Куп на Македонија, а познати се и саатниците на одигрување на натпреварите.

Нашиот полуфинален натпревар против Металург е закажан за вечерниот термин во сабота од 20,30 часот. Претходно во полуфиналето ќе играат уште и Еурофарм Работник и Охрид.

Победниците од полуфиналните натпревари ќе играа во финалето закажано за 21 мај во 16,30 часот.

 

вторник, 16 мај 2017 - 11:31