Познати ривалите на Вардар во борба за домашната титула

Одбраната на титулата во домашното првенство Вардар ќе го почне на почетокот на април, а познати се и ривалите што ќе играат во плејофот. На едно коло до крај на регуларниот дел од сезоната се издвоија и четирите екипи што заедно со Вардар и со Металург ќе играат дополнителни десет кола.

Екипите на Охрид, Пелистер, Еурофарм Работник и Борец се пласираа во плејофот. Таму ги чекаат Вардар и Металург кои поради настапите во СЕХА лигата беа ослободени од обврските во првиот дел од сезоната.

Останува уште да се одигра едно коло по што точно ќе се знае и распоредот на одигрување на мечевите. Се играат десет кола, и првите два екипи обезбедуваат место в година во СЕХА лигата. По 13 години во борба за титулата повторно се враќа Борец Велес, а првпат има и две екипи од Битола што ќе се борат за титулата. Првпат во ваква ситуација е дебитантот Еурофарм Работник.

Вардар е 10-кратен првак на Македонија, единствен со двоцифрен број на титули. Во последните четири сезони, „црвено-црните" трипати беа шампиони и сега се на пат по вториот „хет-трик". Тоа првпат им успеа во перидот од 2001 до 2004 година. Тогаш четирипати по ред беа прваци.

понеделник, 20 март 2017 - 09:36