Познати групите и распоредот на турнирот “Струга 2021“

Како дел од подготовките за новата сезона Вардар1961 ќе настапи на турнирот „Струга 2021„ кој и годинава ќе биде само со екипи од домашното првенство. Турнирот ќе се игра од 12 до 15 август во Струга на отвореното игралиште. Вардар е во група со екипите на Бутел и домаќинот Струга.

Според распоредот Вардар ќе игра на 12, 14 и 15 август, а слободен ќе биде на 13 август. Во првото коло Вардар се среќава со тимот на Струга како прв натпревар на турнирот.
Третиот ден играме со Војводина во 21 часот и тој меч ќе се емитува низ директен пренос на МТВ.
Последниот ден, на 15 август се натпреварите за пласман.

Во втората група се екипите на Еурофарм Пелистер, Металург и Тиквеш.

сабота, 7 август 2021 - 14:39

Share on Facebook