Познати екипите што ќе играат во СЕХА лигата

Во новата, седма сезона во СЕХА Газпром лигата ќе играат повторно 10 екипи од шест земји. По една година пауза во СЕХА лигата се враќаат екипи од Србија.

Вардар кој е актуелен и трикратен победник во СЕХА лигата, за ривали во новата сезона ќе ги има екипите на: Целје Пивоварно Лашко, Динамо Панчево, Горење Велење, Мешков Брест, Металург, Нексе, Татран Прешов, Војводина и ППД Загреб.

Дебитант во лигата е Динамо Панчево, а повратник Војводина од Нови Сад. Во однос на лани ги нема екипите на Веспрем и Извиѓач. Сезонава нема да има екипа од БиХ.

Првите натпревари од седмата сезона на СЕХА Газпром лигата треба да се играат на 29 и 30 август.

Календарот на натпревари дополнително ќе биде објавен

петок, 7 јули 2017 - 16:32