Познат ривалот на Вардар во четврт-финалето на СЕХА лигата

Според однапред познатиот распоред ривал на Вардар ќе биде победникот од дуелот Нексе - Еурофарм Работник. Тоа е двојката А5 (Нексе) - Б4 (Еурофарм Работник). Дуелот меѓу овие eкипи е закажан за во февруари 2020 година.

По завршувањето на натпреварите од регуларниот дел на сезоната во СЕХА Газпром лигата познат е ривалот со кој ќе игра Вардар во четврт-финалето. Како првопласиран тим во А групата Вардар го избегна играњето во осмина-финалето и директно ќе игра меѓу Топ-8 екипите.

Првите две екипи од секоја група директно играат во четврт-финале, а другите пласирани од 3 до 6 место разигруваат во осминафиналето.

Двојки за осмина-финале се:
Спартак - Татран
Металопластика - Војводина
Нексе - Еурофарм Работник
Пекинг СУ - Мешков

Победниците од овие натпреварои продолжуваат во следната фаза каде ги чекаат двете најдобри екипи од секоја група: Вардар, Мотор, Веспрем и ППД Загреб.

Според однапред познатиот распоред ривал на Вардар ќе биде победникот од дуелот Нексе - Еурофарм Работник. Тоа е двојката А5 (Нексе) - Б4 (Еурофарм Работник). Дуелот меѓу овие eкипи е закажан за во февруари 2020 година.

Победникот од овој натпревар потоа ќе игра со Вардар. Првиот меч од четврт-финалето Вардар ќе го игра на гостински терен, а потоа реваншот е дома во Скопје.
Првиот меч од четврт-финалето би требало да се игра на 7 или 8 март 2020, а реваншот на 14 или 15 март 2020.

Победникот од овој четвртфинален дуел ќе игра на Ф4 турнирот во СЕХА лигата што е закажан за првиот викенд во април 2020 година. Местото на одигрување на натпреварите од Ф4 дополнително ќе биде подредена.

Вардар е актуелен победник на СЕХА Газпром лигата и воедно петкратен шампион од осумте досегашни сезони. 

вторник, 17 декември 2019 - 11:14