Познат распоред за играње во плејофот за титулата во домашното првенство

Во борбата за титулата сезонава екипата на Вардар 1961 ќе почне со дуел против Еурофарм Пелистер 2 во Скопје во првото коло од плејофот. Во просториите на РФМ денеска беше извршена ждрепка за двојките за плејофот и беше направен распоредот на 14-те кола.

Покрај Вардар 1961 во плејофот ќе играат уште и Еурофарм Пелистер, Металург, Бутел, Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Охрид и Струга. Ќе се играат вкупно 14 кола, а термините дополнително ќе бидат утврдени.

Распоред на натпреварите на Вардар 1961
1 коло: Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 2
2 коло: Охрид - Вардар 1961
3 коло: Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер
4 коло: Бутел - Вардар 1961
5 коло: Вардар 1961 - Струга
6 коло: Вардар 1961 - Пролет 62
7 коло: Металург - Вардар 1961
8 коло: Еурофарм Пелистер 2 - Вардар 1961
9 коло: Вардар 1961 - Охрид
10 коло: Еурофарм Пелистер - Вардар 1961
11 коло: Вардар 1961 - Бутел
12 коло: Струга - Вардар 1961
13 коло: Пролет 62 - Вардар 1961
14 коло: Вардар 1961 - Металург

 

среда, 30 декември 2020 - 12:49