Потврдени саатниците за девет натпревари од групната фаза

Во групната фаза од лигата на шампионите, Вардар своите домашни натпревари ќе ги игра во 17,30 часот. Останува уште да се одреди саатницата за дуелот со ППД загреб во Скопје што треба да се игра во периодот од 8 до 12 декември.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) заедно со клубовите и ТВ куќи кои ги имаат откупено правата за пренесување на натпреварите од лигата на шампионите за сезонава ги одредија речиси сите термини и саатниците на натпреварите од првите шест кола во групната фаза од ЛШ.

Останува уште да се договори терминот за одигрување на последниот меч од групната фаза против ППД Загреб, во декември, во периодот од 8 до 12 во СЦ „Јане Сандански"
Сите четири домашни натпревари во групната фаза ќе ги играме во 17,30 часот.

Вардар ќе игра во елитната група Б, заедно со екипите на Рајн Некар, Кјелце, Пик Сегед, ППД Загреб, Мешков, Целје и Кристијанштад

1 коло - 25 септември (16,15 часот)
Кристијанштад - Вардар

2 коло - 1 октомври (17,30)
Вардар – Мешков (СЦ „Јане Сандански")

3 коло – 9 октомври (18,30)
Целје - Вардар

4 коло - 16 октомври (17,30)
Вардар - ПИК Сегед (СЦ „Јане Сандански")

5 коло - 22 октомври (20 ч)
ППД Загреб - Вардар

6 коло - 12 ноември (17,30)
Вардар - Кјелце (СЦ „Јане Сандански")

7 коло - 17 ноември (19)
Рајн Некар - Вардар

8 коло - 26 ноември (17,30)
Вардар - Рајн Некар (СЦ „Јане Сандански")

9 коло - 4 декември (18)
Кјелце - Вардар

10 коло - 8-12 декември
Вардар - ППД Загреб (СЦ „Јане Сандански")

петок, 9 Септември 2016 - 09:00