Потврден терминот за гостувањето во Полска кај Кјелце

Мечот од осмото коло од А групата од ЕХФ лигата на шампионите меѓу Кјелце и Вардар 1961 ќе се одигра на 25 ноември во Полска, со почеток во 20,45 часот.

ЕХФ заедно со клубот домаќин и ТВ куќата што прави преноси го одбраа вториот вечерен термин за одигрување на натпреварот. Со тоа познати си термините и саатниците во првите десет кола во Лигата на шампионите.

Во А групата од ЕХФ Лигата на шампионите покрај Вардар 1961, се уште и екипите на Мешков, Елверум, ПИК Сегед, Флензбург, Порто, ПСЖ и Кјелце. Првите две екипи по одигрување на регуларниот дел од сезоната ќе се пласираат директно во четвртфиналето, а оние од трето до шесто место ќе разигруваат во осминафиналето.

Во првото коло од групата што почна минатата недела Вардар 1961 гостуваше кај Мешков и загубивме со 22-24, иако во самата завршница имавме шанса да се избориме најмалку за реми.

Во четврток, на 24 септември треба да бидеме домаќини на Елверум во рамките од второто коло. Таа средба е закажана за 20,45 во СЦ „Јане Сандански".

недела, 20 Септември 2020 - 17:34