Пораз на Македонија од Хрватска на СП - остануваат шансите за играње во Главната фаза

По двете уводни победи на репрезентацијата на Македонија на СП во Германија нашиот ракометен машки тим го доживеа првио тпораз, 22-31 од Хрватска. И покрај тоа се уште остануваат шансите за пласман во Главната фаза. Треба да одиграме уште два натпревари, со Шпанија со Исланд.

Македонија одигра брз натпревар со многу трчање и тактично надмудрување на двата селектори. Тргнавме со добра игра и „7 на 6". Правевме шанси и доаѓавме во ситуација за постигнување гол, често и зицер. Но, голманот на Хрватска, Марин Шего имаше своја вечер со вкупно 12 одбрано, но најголемиот дел од чисти ситуации.

Хрватска ги казнуваше нашите нереализирани напади и грешки, па добра дел од постигнатите голови беа толку во моменти кога немавме голман меѓу стативите.
Хрватска уште во првото полуврем поведе со неколку голови и таа разлика остана до самиот крај.

Во второто полувреме во еден момент намаливме на „минус 3" на 18-15 и 19-16 но не ги искористивме шансите да дојдеме поблиску. На крајот триумфот на Хрватска беше дури и уверлив иако според играта добро се држевме и пруживме голем отпор.

Утре (среда) треба да играме со Шпанија, апотоа и со Исланд. Веројатно решавачки дуел ќе биде тој со Исланд за пласман во Главната Фаза. Ние секако продолжуваме во Келн каде се играат мечевите од следната фаза и се вкрстува со групата од Берлин. А во Келн се играат и мечевите од Президент Купот за пласман од 13 до 18 место.

Стојанче Стоилов одигра 58 минути и постигна два гола, а Мартин Поповски беше вкупно 29 минути во игра.


* Статистика од мечот Хрватска - Македонија 

 

вторник, 15 јануари 2019 - 09:56