Покана за прес - конференција

Ракометниот клуб Вардар повикува на прес - конференција пред натпреварот од ВЕЛУКС ЕХФ лигата на шампионите помеѓу екипите на Вардар и Порто (Португалија).

Прес - конференцијата ќе се одржи во петок (20.09.2019) во прес конференциската сала во СЦ "Јане Сандански" во 12 часот.

На прес - конференцијата ќе бидат присутни тренерот Давид Писонеро и играч на Вардар чие име дополнително ќе биде потврдено.

Натпреварот меѓу Вардар и Порто е закажан за во недела (22.09.2019) во 17 часот во СЦ "Јане Сандански".

недела, 15 Септември 2019 - 20:06