Покана за прес - конференција

Ракометниот клуб Вардар повикува на прес - конференција пред првиот натпревар од четврт-финалето од ЕХФ Лигата на шампионите помеѓу екипите на Вардар и ПИК Сегед (Унгарија).

Прес - конференцијата ќе се одржи во вторник (23.04.2019) во салата за видео проекции во СЦ "Јане Сандански" во 12 часот.

На прес - конференцијата ќе бидата присутни тренерот Роберто Парондо и капитенот Стојанче Стоилов.

Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед е закажан за во четврток (25.04.2019) во 20 часот во СЦ "Јане Сандански".

четврток, 18 април 2019 - 10:56