Покана за прес-конференција

Ракометниот клуб Вардар Ве повикува на прес-конференција пред натпреварот од лигата на шампионите помеѓу екипите на Вардар и Рајн Некар (Германија).
Натпреварот е прогласен за меч на неделата од страна ЕХФ.

Прес-конференцијата ќе се одржи во четврток (16.11.2017) во прес-конференциската сала во СЦ „Јане Сандански" во 12 часот.

Натпреварот меѓу Вардар и Рајн Некар е закажан за сабота (18.11.2017) во 17,30 часот, во СЦ „Јане Сандански".

Исто така Ве информираме дека во среда (15.11.2017) ќе може да присуствувате на почетокот на тренинзите на машката и женската екипа на РК Вардар, во период од:
РК Вардар жени - 14:45 - 15:15 часот
РК Вардар мажи - 16:45 - 17:15 часот

вторник, 14 ноември 2017 - 10:48