Покана за прес-конференција

Ве покануваме на прес-конференција пред првиот натпревар од четврт-финалната фаза од ВЕЛУКС лига на шампионите помеѓу екипите на Флензбург (Германија) и Вардар.

Прес-конференцијата ќе се одржи во среда, 19.04.2017 година во 12.00 часот во прес - конференциската сала во СЦ „Јане Сандански".

На прес-конференцијата ќе присуствуваат:
* Сергеј Самсоненко - претседател на клубот
* Едуард Кокшаров - спортски директор
* Раул Гонзалез - тренер
* Арпад Штербик - играч
* Стојанче Стоилов - играч

Првиот натпревар меѓу Флензбург и Вардар е закажан на 22 април 2017 година со почеток во 17,30 часот во Флензбург, Германија.
Реваншот е закажан за 27 април во 19 часот во СЦ „Јане Сандански"

 

вторник, 18 април 2017 - 11:40