Почнува регуларната продажба на влезници за 1/8 натпревар од ЛШ против ППД Загреб

Од денеска, 20 март почнува регуларната продажба на билети за
осмина-финалниот натпревар во ЛШ против ППД Загреб.

Натпреварот со ППД Загреб е закажан за 30 март во Скопје, во СЦ „Јане Сандански".

Цената на билетот за осмина-финалниот натпревар против ППД Загреб ќе чини:
* 350 денари за местата на трибина
* 400 денари за А блоковите

Од 20 март ќе почне регуларна продажба на влезници за осмина-финалниот меч и ќе трае се до распродавање на капацитетот на салата во СЦ „Јане Сандански".

Продажбата на билети за осмина-финалните натпревари се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден (понеделеник - петок) од 10 до 18 часот, и преку www.ticketplus.mk.

Повеќе информации може да се добијат на info@ticketplus.mk и на телефонскиот број + 389 2 2401 980

 

среда, 20 март 2019 - 12:12