Почнува приоритетна продажба на билети за дуелот Вардар - Веспрем

Од утре 15 март 2022 почнува продажбата на влезници за осминафиналниот меч од ЕХФ лигата на шампионите меѓу Вардар и Веспрем.

Предност во продажбата ќе имаат сопствениците на сезонски билети кои поседуваат доказ дека имаат купено билет. Секој што има сезонски билет, со покажување на истиот има можност да го купи истото место во салата.

ЦЕНАТА НА БИЛЕТИТЕ ОСТАНУВА ИСТА како и за мечевите од групната фаза.

Приоритетната продажбата на билети за мечот Вардар - Веспрем ке се врши со приложување на сезонскиот билет во некое од продажните места на Купи Карти за Се. -  https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations

Продажбата на овие билети ќе трае до 25 март, по што ќе почне продажба на поединечни билети за истиот натпревар.

Дополнителни информации можете да добиете на:
маил: contact@kupikartizase.com
телефон: 02 / 323 98 60

Цени на билети по блокови:

Блок А2, А3,А5 и А6 - цена 450 ден.

Блок 3,4,5,6,7,8,11,12,13,14,15 и 16 - цена 400 ден.

Блок 1,2 и 9 - цена 350 ден

понеделник, 14 март 2022 - 18:25

Share on Facebook