Почнува 10. сезона во СЕХА Газпром лигата

Вардар 1961 победи на Ф5 турнирите во 2012, 2014, 2017, 2018 и 2019. „Црвено-црните" се единствен тим што имаат освоено пет титули и три трофеи по ред.

Јубилејната 10. сезона во регионалната СЕХА Газпром лига почнува овој месец, а Вардар 1961 влегува како актуелен вице-првак и петкратен освојувач.

Сезонава ќе има 10 екипи поделени во две групи, а со одлука на Извршниот Комитет клубовите ќе бидат поделени во групи. Во едната група се Вардар 1961, Мотор Запорожје, Нексе и Војводина, а во другата: ППД Загреб, Металопластика, Еурофарм Пелистер и Татран.

Екипите на Мешков и Веспрем ќе играат директно во четврт-финалето на лигата. Системот на натпреварување останува ист. По одигрување на регуларниот дел следува плејоф, па четврт-финале и Ф4 турнир.

Првите натпревари од СЕХА лигата се закажани за 17 декември. Тогаш играат Нексе - Војводина, а н а21 декември се среќаваат Еурофарм Пелистер - Металопластика.

Вардар 1961 победи на Ф5 турнирите во 2012, 2014, 2017, 2018 и 2019. „Црвено-црните" се единствен тим што имаат освоено пет титули и три трофеи по ред.

 

вторник, 15 декември 2020 - 18:54

Share on Facebook