Победнички од Охрид

Вардар продолжува со максималниот учинок во домашното првенство на Македонија, и од гостувањето од Охрид се враќа со победа, 27-22 (13-12). „Црвено-црните" остануваат на лидерското место на табелата во Група А.

Во Охрид игравме без тројца стандардни играчи, без Дарко Ѓукиќ, Давид Савревски и Милан Лазаревски. Шанса да биде со тимот доби младиот Марио Стојановски.

По почетното водство на Охрид од 4-1, следуваше „будење" на тимот и брзо се направи пресврт и водство од 5-4. Требаше време да се застане на вистинскиот колосек, а домаќините тоа го користеа па лседуваше период во кој се играше "гол за гол", а Охрид имаше предност, а ние израмнувавме.

Во последните три минути од првото полувреме со головите на Стоилов и двата на Куни Моралес отидовме на одмор со предност од 13-12.

Ракометарите на Вардар во воведниот дел од второто полувреме дојдоа до највисокото водство од три гола разлика, 15-13. Во тој момент беше јасно дека Вардар нема да игра опуштено во преостанатиот дел од натпреварот. Вардар постигна неколку брзи гола, дојде до водство од 18-15 и во 40 минута Добрковиќ со гол од контра зголеми на 19-15.

По највисокото водство на Вардар, домаќинот со одлична серија од 4-0 го израмни резултатот на 19:19 во 45 минута. И повторно Вардар „запна" па отиде на 23-19. Тоа беше знак дека веќе нема време, и дека Вардар нема да ја испушти шансата за победа.

Охрид - Вардар 22-27 (12-13)
Охрид: К. Андоноски, Цејовиќ 3, Рустамов, Костов, Грубиќ, Цинцадзе, Шипинкоски, Д. Андоноски 3, Василевски, Тасески 3, Кастратовиќ, Наумоски, Озтурк 4, Шешиќ 3, Бојаниќ 4, Ончев 2.

ВАРДАР 1961: Ристовски, Манасков 4, Стоилов 5, Моралес 7, Георгиевски 2, Добрковиќ 1, Карапалевски 3, Томовски, Чувара 1, Талески 4, Атанасовски, Стојановски, Ќосевски, Мишевски, Гогов.

 

сабота, 1 октомври 2022 - 21:44

Share on Facebook