Победа против Еурофарм Работник

По триумфот на турнирот во Требиње екипата на Вардар го одигра и првиот натпревар пред домашна публика, во Скопје. „Црвено-црните" триумфираа со 32-30 (20-13). Во текот на целиот меч вардарци имаа водство, па тренерот Писонеро имаше можност да им даде шанса и на помладите.

На мечот не настапија Стојанче Стоилов, Жозе Толедо и Павел Атман. Во екипата на Вардар шанса за играње добија и Гашовски, Карапалевски, Кукуловски и Ќосевски.

Уште во првото полувреме Вардар покажа дека во моментов е подобар од актуелниот вицепрвак на Македонија. Одбраната функционираше добро, и секоја шанса беше претворена во гол. Разликата полека се зголемуваше и на полувреме Вардар имаше предност од 20-13.

* Фотогалерија од натпреварот

Во второто полувреме Вардар правеше доста промени во екипата и комбинираше. Па барајќи ја најдобрата седморка и давајќи им шанса на сите разликата се намали на 31-29. Имаше ушре две минути до крај, а Еурофарм Работник не ја искористи шансата, па немаше шанса за пресврт.

Вардар - Еурофарм Работник 32-30 (20-13)

ВАРДАР: Гедбан 1 (2 одбрани), Кугис (1 одбрана), Кизиќ, Гогов, Кристопанс 4, Дибиров 8, Дисингер 3, Скубе 5, Горпишин 2, Чупиќ 5, Пелко 2, Шишкарев, Димитриоски 2, Кукуловски, Карапалевски, Ќосевски, Гашовски

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК: Чаневски, Митревски, Трајкоски, Јотиќ 2, Маркоски 4, Стјепановиќ 4, Вегар 2, Ѓукиќ 1, М. Петровски 1, Граџан 1, Радовиќ 6, Кузмановски 2, Ојлески, Чурлевски, Д. Петровски, Кукоски, Шевелев 4, Маџовски 1.

 

понеделник, 19 август 2019 - 14:26