Победа против Елверум и нови бодови за Вардар

Ракометарите на Вардар1961 ја остварија втората победа сезонава во ЕХФ лигата на шампионите, против Елверум 35-32 на вториот дуел што се играше во Скопје 

Најавата дека Вардар од натпревар во натпревар ќе игра се подобро и со тоа ќе дојдат и бодовите и победите се оствари на средбата со Елверум. Иако во еден момент во првото полувреме имавме и негатива од четири голови, нашиот тим покажа карактер, желба и мотив да победи. Бевме поискусни во клучните моменти, некогаш и посреќни, но на крајот ги освоивме бодовите. 

Во последните шест минути Вардар иако имаше негатива од еден гол (31-30) и плус црвен картон на Глеб Калараш успеавме да се „извадиме“. Норвежаните постигнаа гол за водство, 32-30, но потоа следуваше серија од 5-0. Шеваљеви, двапати Георгиевски и плус Чупиќ и Дибиров донесоа радост во „Јане Сандански“. На секоја не реализирана шанса на Елверум ние одговоривме со гол и прво преку Георгиевски израмнивме на 32-32 во 57 минута, а потоа по двете грешки на гостинското крило Хедберг, прво Георгиевски а потоа и Чупиќ од пенал зголемија на 34-32. Тимур Дибиров кој беше најефикасен на средбата со вкупно девет голови, токму последниот го постигна во последните секунди.

На добрата игра на Вардар во второто полувреме се надоврзаа и добрите одбрани на Робин Кантегрел кој за само пет минути имаше шет одлични интервенции, одржувајќи го Вардар во игра, овозможувајќи им на „црвено-црните“ во последните десет минути да влезатво „егал“.    

А почетокот на второто полувреме не укажуваше дека ќе стигнеме до бодовите. Гостите од Норвешка имаа предност од 21-17 продолжувајќи ја добрата игра од последните моменти од првото полувреме. Во првото полувреме Елверум имаше одличен голман кој успеа да сопре девет топки и еден седмерец, и да биде главниот играч кој не дозволи Вардар да се одлепи. Наместо тоа во последните пет минути Елверум стигна до предност од 18-14.

Вардар имаше многу не реализирани шанси, а Елверум лесно постигнати голови. Па затоа на полувреме Норвежаните водеа со 20-17.

 

* Записник од натпреварот - elverum_vs_vardar1961.pdf

ФОТО-ГАЛЕРИЈА ОД НАТПРЕВАРОТ  


Изјави од прес-конференција

Стевче Алусовски - тренер на Вардар 1961 година:
„Прво да му честитам на Елверум за фер играта и исто така да им честитам на моите играчи за втората победа оваа сезона во Скопје. Бевме пофокусирани во последните минути од натпреварот, поискусни бевме од тимот на Елверум во важните моменти. Почнавме многу лошо, мислам со 11 промашени удари. Гостите имаа добар голман, а на полувремето имавме минус три гола. Во второто полувреме игравме многу подобро, би сакал да им честитам на моите играчи особено за прикажаното во последните шест минути. Покажаа карактер на победници што заслужува голема почит, покажаа добар квалитет и му посакувам многу среќа на Елверум на следниот натпревар.

Борге Лунг - тренер на Елверум:
„Честитки за Вардар за уште еден тесен и неизвесен натпревар. Првото полувреме мислам дека подобро се браневме благодарение на одличниот голман, успеавме и да направиме одлични контри. Сакавме да го сториме истото во второто полувреме, но немавме толку одбрани како во првото полувреме што му дозволи на Вардар да се приближи и да преземе поголема контрола над играта. На крајот и двата тима успеаја да играат и да создаваат добри шанси, но ние не ги искористивме и можеби станува збор за искуство и да не влегуваме во игра со премногу адреналин. Вардар на крајот го имаше најдобриот голман. 

Томас Солстад, играч на Елеврум
„Честитки за двата бода и за гостопримството за нашиот престој во Скопје. Тешка загуба е за нас. Бевме многу добри во првото полувреме, водевме со три гол, Вардар беше одличен на крајот. Можевме да постигнеме повеќе голови во средината на второто полувреме. Иако на крајот не беше одлично за нас, можеби беше искуство на домаќинот, но Вардар на крајот беше подобар

Робин Кантегрел - голман на Вардар 1961 година
Заедно со целиот тимот, сакам да кажам дека нашите мисли се со Алфред Квантана, голманот на Порто. Во однос на играта, имавме неколку одбрани на крајот, но исто така и противникот имаше во првото полувреме. Се боревме во текот на целиот меч и на крајот победивме.  Ова ниво ќе го одржиме борбено до крајот на групата и се надеваме дека ќе добиеме што повеќе поени.


среда, 24 февруари 2021 - 22:03

Share on Facebook