По повеќе од две години Вардар без бодови од Брест во ЛШ

По повеќе од две години Вардар се враќа без бодови од Брест од дуелите со Мешков во ЕХФ лигата на шампионите. „Црвено-црните" загубија со 22-31 (13-12) во 9. коло на групната фаза што е четврти пораз сезонава за вардарци.

Бевме рамноправни, имавме и водство на полувреме, а во 52 минута негатива од 22-23 си голема шанса да ја „свртиме" и играта и резултатот во наша корист. Но, тогаш се случи спротивното, ние грешевме а домашните то аго искористија и направија водство од 28-22 што беше клучно и решавачко.

Домашните поведоа со голот на Шкурински, но Вардар врати брзо преку Кристопанс и Дибиров. Имаше постојани промени. Речиси редовно имаше по два гола на двете страни, но ниту еден тим не успеа да направи предност поголема од еден гол. Покажавме дека иако не сме комплетни, со неиграњето на Горбок и Дисингер и со недоволно опоравените Криштопанс, Атман и Шишкарев не само што имавме добра резултат туку и игарат беше онаква каква што ја диктиравме.

Така се играше до 20 минута, кога се стабилизира резултатот. Тука веќе се играше гол, за гол, а после 11:11 вардарци дојдоа првпат до два гола плус. Стоилов и Атман донесоа 13:11 на две минути до крајот од првото полувреме. Тоа беше период во кој се боревме за предност од „плус 3", но, н акрајот прмивме гол и сепак заминавме со предност на полувреме.

Вториот дел домашните го почнаа многу подобро. За три минути стигнаа до 15-13 и овие два гола предност успеваа без поголеми проблеми да ги одржуваат. Вардар намалуваше на гол, но никако не успеваше да фати приклучок. Секој обид да се дојде до нешто повеќе завршуваше неуспешно. Од друга страна и Даинис Криштпанс се пожали на повреда на зглобот на ногата па мораше да излезе.

Како одминуваше времето така и одбраната попушташе. Тоа носеше зголемуање на предноста на противникот. Мораше да се ризикува и да се проба со игра на празен гол, а и тоа не даваше многу резултат. Последен пат гол негатива беше во 52. минута кога Мешков Брест водеше со 23-22, а потоа со пет гола за три минути домаќините дојдоа до 28-22 и тука го решија победникот на овој дуел.

Во гостинскиот тим најпрецизен беше Маикита Ваилупов со 12 гола, а Александар Шкурински постигна 9 гола. Кај Вардар Стоилов постигна 6 гола, а Атман и Дибиров по 4 гола.

сабота, 23 ноември 2019 - 19:34