Плеј-офот за титулата почнува со гостување во Битола

Вардар на крајот од месецов ги почнува натпреварите од домашното првенство и плеј-офот и во првото коло треба да гостува во Битола кај екипата на Еурофарм Битола. Во плеј-офот ќе учествуваат првите четири екипи од регуларниот дел на сезоната (Еурофарм Работник, Пелистер, Бутел и Пролет) и Вардар и Металург.

Ќе се играат десет кола, а најдобриот тим ќе биде крунисан со титулата Првак на Македонија. Плејофот почнува на крајот на март, на 23 и 24, со мечевите од првото коло, а треба да заврши на 1 и 2 јуни.

Градското дерби меѓу Вардар и Металург треба да се игра прво во СЦ „Јане Сандански" во 5. коло (27/28 април),а реваншот во Автокоманда на 1или 2 јуни.

Покрај Вардар кој ќе се бори за титулата, нашиот втор тим Вардар јуниор ќе игра во плеј-аутот за опстанок. Во плеј-аутот играат шесте екипи пласирани од петто до десето место во регуларниот дел од првенството. Се пренесуваат освоените бодови од меѓусебните дуели на екипите што ќе разигруваат за опстанок.

Вардар јуниор почнува си 12 бодови и е н ачетвртото место во конкуренција на шест екипи. Во првото коло Вардар јуниор гостува кај Борец во Велес.

Натпреварите од Купот на Македонија се планирани за 18 и 19 мај, а четвртфиналните групи ќе се играат на 20 и 21 април.

Распоред на натпревари за плеј-оф - plej_of_mazi.xlsx

Распоред на натпревари за плеј-аут - plej_aut_mazi.xlsx

вторник, 19 март 2019 - 12:48