Писонеро: Очекуваме тежок натпревар, но не и да загубиме

Вардар се враќа од Украина без бодови од мечот од второто коло на СЕХА Газпром лигата против Мотор. Иако имавме шанса дури и за повеќе од еден бод, на крајот немавме спортска среќа, па последниот удар од седум метри на Иван Чупиќ заврши над голот, а домашните се радуваа на минималниот триумф од 32-31 (13-12).

На прес - конференцијата по натпреварот тренерот на домашните Микола Стенанец изјави дека најправедно би било средбата да завршела со реми. Сепак спортската среќа беше на страната на Мотор.

Давид Писонро - тренер на Вардар:

„Во текот на првото полувреме не се чувствувавме како да ја играме нашата игра. За жал, имаше огромен број грешки. Имавме проблеми со одбраната. Да бидеме искрени, не очекувавме да го загубиме овој натпревар во Запорожје, иако овде очекувавме многу тежок натпревар. Настапот на Генадиј Комок се покажа како одлична основа за доверба на целиот противнички тим. Играчите на теренот го придружуваа прилично добро, и така Мотор Запорожје успеа.


Даниел Шишкарев - играч на Вардар:

„Во одредени аспекти нашата игра денес беше навистина лоша. Поразот против Мотор Запорожје дојде неочекувано. Секако, би можеле да кажеме дека отсуството на некои клучни играчи имаа дел во овој пораз, сепак очекувавме да обезбедиме 3 бода на овој натпревар. Позитивно е што на нашите претстојни натпревари ќе бидеме екстра мотивирани.

Сега следен натпревар за „црвено-црните" е меч од ЕХФ Лигата на шампионите против Монпелје на гости во Франција следниот викенд.

 

 

сабота, 7 Септември 2019 - 23:56