Пионерите со минимален пораз против Металург

Постара конкуренција ги пречека пионерите на Зоран Петковски и Никола Бисинов на дерби натпреварот со Металург. Гостите дојдоа на мечот во СЦ „Јане Сандански" со момчиња кои се натпреваруваат во постарата кадетска конкуренција, и со нив Металург успеа да се избори за минимална победа од 17 : 16. За Вардар, кој во првата група од пионерското првенство е на втората позиција зад Металург, ова е втор пораз во сезоната 2018/19 и тоа и двата се со истата екипа на Металург.
Првото полувреме иако игравме гол за гол, сепак иницијативата беше кај црвено – црните, кои на пауза заминаа и со еден гол предност, односно 8 : 7. Неколку грешки во нападот во второто полувреме помогнаа гостите да победат. Последното реми на натпреварот беше 12 : 12, по што Металург во последните неколку минути искористи да направи предност од + 3 гола, односно 14 : 17. Последните две – три минути ги искористивме разумно за да намалиме на 16 : 17, но иако во последните секунди бевме во напад, во брзање направивме грешка која нѐ чинеше шансата за реми. Најмногу голови на мечот, 6 гола постигна нашиот Виктор Трифуновски.

Вардар – Металург 16 : 17 (8 : 7)

недела, 10 февруари 2019 - 21:17