Пионерите со градско дерби го отвораат пролетниот дел од сезоната

Пионерите викендов го играат првиот натпревари во 2019 година против екипата на Металург. Во СЦ „Јане Сандански" во сабота во 14.30 часот вардаровите најмлади ракометари ќе добијат шанса за реванш на домашен терен.

Првиот дел од сезоната пионерите ја завршија на втората позиција, со само еден пораз на натпреварите и тоа од Металург, кој е првопласиран.

Викендов играат и двете младински екипи на Вардар.

Младинците на Вардар Јуниор играат дома, во СЦ „Јане Сандански" в недела во 16 часот. Во натпреварот од деветтото коло во втората група играме со Прилеп 2010.

Кадетите на Вардар, кои се натпреваруваат и во младинска конкуренција, гостуваат кај Охрид 2013. Натпреварот се игра во сабота во 18 часот во салата „Билјанини извори".

петок, 8 февруари 2019 - 13:29