Пионерите на Вардар ќе играат на турнир во Белград

Најмладите вардарци ќе играат на меѓународниот турнир „Трофејот на Белград 2018", што од 27 до 29 декември се одржува во Белград, Србија. Вардар на турнирот, кој традиционално се одржува пред новогодишните празници, ќе се натпреварува во машка и во женска конкуренција.

Нашите пионерските селекции веќе заминаа за Белград заедно со тренерите Зоран Петковски и Никола Бисинов за машката екипа и Анжела Платон и Марија Папуџиева за женската екипа.

Машката селекција се натпреварува во категоријата родени 2004 година во конкуренција на вкупно 20 екипи од Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија. Пионерите се во групата Д задно со екипите на Партизан и СЦ Вождовац 2012 од Србија и Рибница и Шрам од Словенија.

Првиот натпревар го играме во четврток, на 27 декември, во 11.55 часот против екипата на СЦ Вождовац 2012, а во 14.30 часот играме против Рибница. Во петок, на 28 декември, во 9.35 часот е натпреварот против Шрам, а во 12.00 часот е против Партизан. Во сабота, на 29 декември се играат финалните натпревари.

среда, 26 декември 2018 - 12:08