Пионерите на Вардар јуниор се вратија без бодови од Велес

На првиот натпревар од пролетниот дел од сезоната, најмладите ракометари на Вардар јуниор не успеаја да се вратат со бодови од Велес. На мечот со Бисинов Велес, во салата „Блаже Конески", црвено – црните изгубија минимално со 27 – 28 (14 – 13).

Одигравме изедначен натпревар. Иако домаќините континуирано имаа предност од еден – до два гола, избраниците на Зоран Петковски во текот на првите 20. минути успеаја повеќепати да изедначат. Пред самата пауза резултатот беше 13 – 13, но, сепак на пауза заминавме со предност на домаќинот од 14 – 13.
Во второто полувреме до резултатот од 18 – 18, одржувавме чекор со противникот, но по овие минути домаќинот поведе со +2 гола, кои речиси до крајот на мечот не можевме да ги надоместиме. Во завршните минути со два пенала кои ги изведе Христијан Петковски, стигнавме до финалните 27 – 28 во полза на противникот. Петковски беше и најдобар стрелец од нашата екипа со постигнати 10 голови на мечот.

Бисинов Вардар – Вардар Јуниор 28 – 27

Вардар Јуниор: Никола Спасовски, Давид Младеновски 2, Иле Табаков 4, Давид Славевски 1, Антони Андовски, Тадеј Аритонов, Ѓорѓи Спасовски 2, Марјан Гочев 5, Кирил Симоновски, Наум С., Андреј Петрушевски 1, Матеј Трајановски, Петар Колевски, Александар Стојменов 2, Христијан Петковски 10, Илија Велковски.

понеделник, 12 март 2018 - 08:55