Пионерите на Вардар ги освоија бодовите против Аеродром

Убедлива победа на пионерите ан Вардар против екипата на Аеродром со 21 : 13 (9 : 4) во националното првенство. Со ова избраниците на Зоран Петковски и Никола Бисинов со 24 бодови ја потврдија втората позиција во нивната група, веднаш зад Металург со 33 бодови.

Пионерите и на првиот натпревар со Аеродром, но тогаш на домашен терен победија со значајна разлика од 25 : 23.

До крајот на првенството вардарци имаат уште два натпревари и тоа следното коло сме домаќини на Јуниор Кисела Вода, а последното коло играме на гости кај Ангели Вардар.

понеделник, 11 март 2019 - 12:13