Пионерите како гости го „преслушаа“ Металург 2

Пионерите на Вардар остануваат лидери во својата група во првенството на Македонија откако и во четвртиот меч сезонава победија, сега во гости кај градскиот ривал Металург 2 со 18-14 (8-6). Вардарци имаат максимален број бодови по ова коло.

На теренот во Автокоманда само во првите минути имаше рамнопрвана борба, кога Металург израмни на 3-3. Од тој момент на теренот доминираше екипата на Вардар. Единствено што му дозволи на противникот е двапати да намали на „минус 1", но на пауза на полувреме „црвено-црните" имаа предност од 8-6.

Онаму каде застанавме во првото полувреме продолживме во второто, и гол разликата во корист на Вардар константно се зголемуваше и стигна до максимални „плус 6", за наше водство од 12-6, 14-8 и 16-10. Тоа беше период на доминација и ефикасна игра.

Во самата завршница малку се олабавивме знаејќи дека ќе победиме, па домаќините намалија на „минус 4" за конечен резултат 18-14 за Вардар.

Во следното коло Вардар ќе биде домаќин на екипата на Ринија М.

- Фото галерија од натпреварот

Металург 2 - Вардар 14-18 (6-8)

ВАРДАР: Спасовски, Стојановски 3, Табаков 2, Алексовски, Аритонов, Силковски, Ристевски, Симоновски, Колевски, Петрушевски, Трајановски 4, Стојменов 5, Петковски, Спасовски, Гугуталиев, Писонеро 4.

понеделник, 14 октомври 2019 - 19:33