Пионерите доминираат меѓу врсниците

Најмладите ракометари на Вардар се дефинитивниот фаворит во третата група од националното првенство во пионерска конкуренција, додека во младинска лига успеваат да се спротивстават на постарите ракометари и да го стекнат потребното искуство за побрзо да напредуваат.

Со две кола до крајот на есенскиот дел, избраниците на Зоран Петковски триумфираа против екипата на Бутел со 27 : 18 (14 : 8). Триумфот се забележуваше уште на почетокот од натпреварот, а домаќинот почна да се буди по резултатот кога го постигна вториот гол за 2 : 10. На пауза заминавме со 14 : 8, а со исто темпо продолживме до крајот на натпреварот. Најмногу голови на натпреварот постигна Алесандро Писонеро – шест.
Пионерите се закотвени се на врвот во третата група со максимален учинок на сите натпревари досега, а следниот натпревар е против екипата на КЛ 7 Лазаров.

Пионерите одличен натпревар и во младинска конкуренција, против екипата на Металург. Иако не успеавме да освоиме бодови, натпреварот заврши со 29 : 34 за гостите, сепак, вардарци покажаа дека имаат сила и техника да се спротивстават на постари играчи. Во текот на натпреварот успеваа да одржат разлика од 2 до 3 гола, дури и на пауза заминавме со 17 : 19. Но тоа не беше доволно во вториот дел да го преземеме водството.

Сепак, натпреварот покажа дека е одличен терен за збогатување на натпреварувачкото искуство во младите вардарци, како и за нивен побрз развој и напредок.

вторник, 26 ноември 2019 - 11:41