Петмина вардарци на списокот за дуелите со Швајцарија и Финска

За претстојните два натпревари од квалификациите за ЕП 2022 година против Финска и Швајцарија на списокот на репрезентативци кои ќе играат за Македонија се најдоа петмина играчи од Вардар1961.

Селекторот Кирил Лазаров повика 21 ракометар а меѓу нив се и: Марко Кизиќ, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Филип Талески и Марко Мишевски.

Натпреварите со Финска и со Швајцарија се за кажани за 28 април и 2 мај. Македонија е моментно на делба на првото место во групата, заедно со Данска.

четврток, 22 април 2021 - 13:25

Share on Facebook