Петмина вардарци на СП во Германија

Вкупно петмина членови од Вардар се дел од Мундијалот што почнува утре а каде ќе настапува и репрезентацијата на Македонија. Покрај нашиот капитен Стојанче Стоилов и крилото Мартин Поповски кои се дел од играчкиот состав, во официјалната делегација на нашата репрезентација се и тренерот Роберто Парондо, тренерот на голманите Александар Царчев и физиотерапевтот Димитар Маневски.

Македонската репрезентација веќе се наоѓа во Минхен каде репрезентацијата ќе ги игра мечевите од групната фаза. Покрај нашата репрезентација во Минхен се уште и репрезентациите на Шпанија, Исланд, Хрватска, Бахреин и Јапонија. Првите три репрезентации ќе разигруваат во втората фаза за пласман о 1 до 12 место, а другите три ќе продолжат во Президент Куп за пласман од 13 до 24 место.

За Стоилов ова е четврто СП на кое ќе настапува, а за Мартин Поповски второ учество на Мундијал.
На СП отпатуваа вкупно 18 ракометари: Првично ќе може да се пријават 16 ракометари за може да се направат вкупно три измени во текот на СП.

Состав на репрезентацијата на Македонија:
Борко Ристовски
Никола Митревски
Дејан Манасков
Гоце Георгиевски
Мартин Поповски
Филип Лазаров
Филип Талески
Мартин Серафимов
Велко Марковски
Златко Даскаловски
Кирил Лазаров
Горан Крстевски
Стојанче Стоилов
Жарко Пешевски
Филип Кузмановски
Марио Танкоски
Филип Чурлевски
Милан Лазаревски

среда, 9 јануари 2019 - 16:34