Петмина кадети на Вардар повикани за турнир во Романија

Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, го објави списокот од 17 ракометари кои ќе патуваат за Васлуи, Романија, за настап на меѓународниот турнир за играчи од генерацијата 2000 и помали.

На списокот се најдоа и петмина ракометари на Вардар: Марко Кизиќ, Андреј Петковски, Мартин Карапалевски, Игор Ѓорѓиев и Мартин Мајсторовски.

Турнирот што ќе се одржи во периодот од 14 до 18 декември 2017, Македонија ќе одигра натпревари со селекциите на Израел, Белорусија и домаќинот Романија.

Список на повикани ракометари:
Марко Кизиќ, Виктор Василевски, Андреј Петковски, Дејан Џигеровски, Бобан Каковски, Мартин Карапалевски, Мартин Серафимов, Васил Витанов, Наум Костов, Лазар Ников, Симон Гучески, Глигор Гајиќ, Илија Мелоски, Игор Ѓорѓиев, Кристијан Симоноски, Мартин Мајсторовски, Андреј Митиќ.

четврток, 7 декември 2017 - 10:11