Пенал го реши победникот на дуелот Пролет - Вардар јуниор

На гостински терен Вардар јуниор останаа без бодови во 5.коло од првенството во младинска категорија, откако натпреварот со екипата на Пролет 62 заврши со триумф на домаќините од 26-25 (12-16). Пенал во последната минута го реши победникот на дуелот, кој ги освои и трите бодови.

Нашите младинци имаа одличен старт на натпреварот во салата „Македонско сонце". Избраниците на тренерот Пепи Манасков уште во првите минути од натпреварот поведоа со 5-0. Предност која не само што успеваа да ја одржат, туку неколкупати во првите 30 минути семафорот покажа разлика од +7 гола за нас, односно 10-3, 11-4, па и 12-5. Моменти во кој дојде до мал пресврт во играта на противникот и во следните минути успеаја да намалат на 13-10. Но, не и да израмнат, па полувремето го завршивме со 16-12.

Во следните 30 минути среќата беше понаклонета на домаќините. Поголемиот дел од полувремето го одржувавме водството, но по нашиот 21 гол, кога домаќинот имаше 18, навлеговме во минути во кои едноставно не успевавме да реализираме напад. Наша лоша серија, но противникот ја искористи за да израмни на 21-21, а потоа и да поведе со 23-21. Пресврт кој ни ја однесе и победата, иако неколку минути подоцна израмнивме на 24-24. Домаќините се изборија за 25-24, по што израмнивме и на 25-25 во последната минута од натпреварот со пенал кој го изведе Никола Хаџидимовски. Само неколку секунди подоцна судиската двојка за Пролет 62 досуди пенал што тие го реализираа за победа од 26-25.

Пролет - Вардар јуниор 26-25 (12-16)
ВАРДАР ЈУНИОР: Јоаким Ангеловски, Небојша Василевски 2, Мартин Игнов 2, Благоја Антевски, Стојанче Симевски 1, Стефан Динев, Александар Нанов, Дамјан Јакимовски 6, Едис Јаховиќ 5, Алек Чупетрески 1, Никола Хаџидимовски 6, Христијан Чакалиќ, Горјан Блажевски, Кристијан Стојановски, Борис Илиевски 1, Петар Тевдовски.

 

сабота, 18 ноември 2017 - 23:39