Парондо, Стоилов и Поповски од денеска на собир на репрезентацијата

Тројца членови на Вардар од денска ќе бидат дел од репрезентацијата на Македонија на подготовките за настап на СП што во јануари ќе се одржи во Германија.

Стојанче Стоилов и Мартин Поповски се дел од играчкиот состав, а Роберто Парондо е дел од стручниот штаб на репрезентацијата.

На подготовките со првиот тим и во А тимот се повикани и неколку ракометари од помладата генерација кои конкурираат за место меѓу 16 играчи што ќе ги бранат боите на Македонија на претстојното СП. Собирот на ракометари е закажан на 24 декември (понеделник) со почеток во 16,30 часот во хотел „Александар Палас" во Скопје.

Во прелиминарната фаза на СП , македонската репрезентација ќе игра во групата Б во Минхен во која за противници ги има Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин.
Во првиот натпревар на шампионатот Македонија на 11 јануари ќе игра против селекцијата на Јапонија.

 

понеделник, 24 декември 2018 - 09:00