Парондо: Нема калкулации, на сите мечеви ќе играме максимално

Проблемите со повредите последниве две месеци го мачат Вардар, а сега почнуваат и средбите од Лигата на шампионите, последните четири од групната фаза. Екипата денеска патува за Германија каде утревечер треба да играме со Рајн Некар. Иако ќе одиме во некомплетен состав ќе играме максимално мотивирани да се задржи добрата традиција на дуелите со германскиот тим.

Во досегашните меѓусебни средби, шестпати победувал Вардар, еден меч завршил со реми и двапати победиле Германците. На теренот во Германија имаме две победи и едно реми. Ремизиравме лани, во меч од групата, 21-21, а победивме во 2015 и во 2016 година.

„ Секогаш натпреварите се неизвесни. Традицијата не ја гледаме. Никогаш немавме победа против Веспрем се досега. Зато аповажно е да се фокусираме на играта наша. Секој меч е различен и треба да бидеме различно подготвени според тактиката на противникот. Имаме уште четири натпревари до крајот на групната фаза. Ќе играме со максимално на секој натпревар, зашто секој меч сега е важен, вели Роберто Парондо.

На првиот меч во Скопје одигран на 6 октомври 2018 победивме со 29-27 со одлична игра во второто полувреме. Вардар евторопласиран на табелата во Група А со 13 бода, еден помалку од Рајн Некар.

За Германија не отпатуваа Вуко Борозан, Рожерио Мораеш и Сергеј Горбок.

„ Сигурно дека ќе биде тежок натпревар. Рајн Некар е одличен тим. Ќе видиме колку сме спремни. Не сме во добар момент, ни треба повеќе време за тренирање зашто не сме комплетни п атреба да комбинираме со тоа што го имаме. Не мачат повреди на повеќемина играчи. Ќе се обидеме да играме добро и да се вратиме со добар резултат, смета Парондо.

вторник, 5 февруари 2019 - 10:42