Парондо: Игравме со висок интензитет, но не покажавме сѐ што можеме

По победата против Извиѓач со 38 : 27, тренерот на Вардар Роберто Парондо за првпат на прес-конференција прозборе на македонски јазик, и тоа со солидно познавање.

„Ќе се обидам да го искажам своето видување на македонски јазик. Одигравме многу добар натпревар. Ова беше можност за сите ракометари кои беа во тимот да добијат минутажа и според мене таквата можност пред следниот натпревар е многу добра. Задоволен сум иако не можам да кажам дека екипата одигра со 100 проценти од можностите, сепак ракометарите играа со висок интензитет. За мене беше добар натпревар.", рече Парондо.

Овој меч го врати Вардар на врвот од групата во СЕХА Газпром лигата.

„Им честитам на Извиѓач за фер и коректната игра, пружија добар отпор, а се надевам дека и на гледачите им се допадна натпреварот", изјави Јања Војводиќ.
Следниот натпревар на Вардар е в сабота, во СЦ „Јане Сандански" од 17:30 часот против Кјелце.

среда, 28 ноември 2018 - 22:47