Парондо: Игравме двапати со Барселона, можеби ова е трета среќа

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо после ждрепката за полуфиналните дуели од Ф4 турнирот во Келн и добивањето на Барселона за ривал им ја препушти на Шпанците фаворитската улога. Но, сепак се оптимист дека во Келн нема што да се загуби.

„Игравме со Барселона двапати сезонава. Можеби ова е трета среќа. Тие се фаворити, не само на нашиот дуел туку и на Ф4 турнирот. И не само поради квалитеот туку и традицијата. Ние ја остваривме целта се пласиравме на Ф4 турнирот. Сега нема што да згубиме, одиме да играме и да се надеваме на добра резултат. Барселона има добра екипа. Тоа го знаеме сите. Вардар ќе се подготвува максимално за овој настап, вели Роберто Парондо.

Натпреварот меѓу Вардар и Барселона е закажан за 1 јуни.

вторник, 7 мај 2019 - 13:23