Парондо е најдобриот тренер во СЕХА за декември

На сите четири натпревари победи на кои играше Вардар и „црвено-црните" се на првото место на табелата по 13 одиграни натпревари има 33 бода.

Иако десетина денови нема натпревари во СЕХА лигата избрани се најдобрите седум играчи и тренерот за месец декмеври 2018 година. И покрај проблемите со повредите на некои ракометари и настапот со подмладен и некомплетен состав тренерот Роберто Гарсија Парондо беше тренерот што најмногу извлече од својот тим.

На сите четири натпревари победи на кои играше Вардар и „црвено-црните" се на првото место на табелата по 13 одиграни натпревари има 33 бода, исто колку и ППД Загреб.

Во идеалниот тим за есец декември се најдоа уште и: Игор Чуприна (Татран Прешов), Милош Грозданиќ ( Војводина), Александер Шпенде ( Металург), Томи Возаб (Нексе), Симе Ивиќ ( Мешков), Дарко Ѓукиќ (Мешков) и Леон Шушња ( ППД Загреб),

Во декември Вардар играше и победи против Металург, Железничар, Татран и Стеауа. До крајот на регуларниот дел од сезоната Вардар треба да одигра уште пет натпревари. Теоретски нашите момци треба да победат уште две победи за да обезбеди место на Ф4 турнирот.

Во февруари треба да одиграме два натпревари, на 3 февруари во Нови Сад со Војводина, и на 19 февруари на домашен терен со ППД Загреб. Последните три средби треба да се играат во првата половина на март, и тоа на 5 март со Мешков во Скопје, на 10 март гостуваме кај Нексе и на 12 март последниот меч го играме во Љубушки кај Извиѓач.

вторник, 1 јануари 2019 - 14:27