Пародно: Ни требаа бодовите и победивме

Вардар ја оствари осмата победа сезонава во СЕХА Газпром лигата, против Металург 27-26 и го почна вториот дел од сезоната. Сега сме повторно на првото место со 24 бода, и имаме за играње уште три натпревари пред да почнат подготовките на репрезентацијата.

Роберто Парондо - тренер на вардар
Најважно е дека победивме. Потребни ни беа овие бодови, па затоа сме задоволни. Моје грешка е што одигравме лош натпревар. Ги одмарав играчите по тешкиот дуел со Кјелце, за да немаат притисок. Затоа игравме со поинаков состав.

Марко Кизиќ - голман на Вардар
Секогаш кога се игра со Металург натпреварот е тежок. Ние ја имавме фаворитската улога и постоеше притисок. Се обидовме да прикажеме најдобро и на крај победивме. И јас добро се подготвував за овој натпревар.

среда, 5 декември 2018 - 22:53