Откажано гостувањето во Унгарија кај ПИК Сегед

Иако беше одреден нов термин за одигрување на одложување на натпреварот од ЕХФ лигата на шампионите против ПИК Сегед, истиот е одложен.
За одигрување на истиот меч ќе се бара друг термин и координација со двете екипи, веројатно по завршување на СП во Египет, следната година.

Планирано беше натпреварот со ПИК Сегед да се одржи на 22 декември во 20.45 часот.

Во нашиот тим се уште има позитивни случаи, а тимот се уште не почнал со целосно тренирање. Поради тоа беше побарано одложување на натпреварот кој ќе има нов тремин.

Со оглед на фактот што здравјето на спортистите е најважно натпреварот со ПИК Сегед ќе се игра во друг термин.

 

четврток, 17 декември 2020 - 11:45