Освоивме бод со Порто - можевме и да победиме

Само 33 секунди не делеа од победа во дуелот со Порто во ЕХФ лигата на шампионите, но несреќно примениот гол во последните секунди беше таличен за гостите кои заминуваа од Скопје со реми, 25-25.

 По триумфот над Флензбург во претходното коло од ЕХФ лигата на шампионите, сега повторно игравме на домашен терен во СЦ „Јане Сандански", а Порто и претходно беше ривал со кој тешко се играше. Сега дополнително проблем е што во тимот го немавме Кристијан Дисингер кој има повреда на рамото. Но, и без него бевме подготвени за дуел, за играње до крај и за меч во кој ќе бараме бодови.

Натпреварот го почнавме со Ристовски на голот, со Дибиров и Чупиќ на крилата, Стоилов на пивотменска позиција, и Талевски, Јотиќ и Вујин како бекови. Тргнавме со гол на Чупиќ, а веќе во следната минута во одбрана Глеб Калараш доби исклучување. Судиите најавија дека нема да дозволат груба игра, и во следната акција исклучен беше и гостинскиот играч Дајмаро Салина. Во 7. минута веќе водевме со 4-2 како најава за уште еден наш триумф.

Но знаевме дека Порто е силен и незгоден противник. А ако не се користат шансите тогаш Португалците казнуваат. За три минути двапати не реализиравме, а Борко Ристовски имаше и три одбрани, но сепак Порто израмни на 4-4. Тимур Дибиров потоа од пенал ја погодува стативата. Гостите го бараат првиот тајм аут, а тогаш ги „збија редовите" а во напад беа прецизни.

Калараш рано го добива второто исклучување, во 13 минута, што може да биде голем проблем за одбраната до крај на средбата. Ареиа зголемува на 5-4 за Порто, а потоа уште три гола постигнуваат гостите за водство 8-4 во 15 минута. Порто беше посконцентриран и секоја шанса ја искористуваше. На секоја наша грешка или промашување стигнуваше казната. Овие „плус 4" за нив беа заслужени.

Кога Борко Ристовски ја оствари петтата одбрана на мечот откако претходно ја загубивте топката, се тргна во добра насока за Вардар 1961. Вујин врза два гола по ред, Дибиров и Ристовски постигнаа два гола по ред и тоа на празниот гол на Порто, па за пет минути од „минус 4" стигнавме на негатива од 8-9. И Вујин продолжи да бомбардира, а Ристовски го постигна својот втор гол, од „гол на гол" и во 27 минута Вардар израмни на 11-11. Веќе игравме подобро, ама пак имавме осцилации, и повторно не ги користевме шасните. Кога поради погрешка измена на гостите беше казнет Слишковиќ и нам ни припадна топката не реализиравме, па Порто и со играч помалку поведе со 12-11. Последните минути од првиот дел ни припаднаа нам, а Дибиров со контра во последните секунди реализираше за наше водство од 13-12.

Во второто полувреме петнаесетина минути имавме водство, и единствено што Порто успеваше да направи беше израмнување, и тоа неколкупати. Ристовски повторно добро бранење и плус постигнуваше голови. Од водството на Вардар 1961 од 20-19 во 47 минута гостите направија целосен пресврт и во 52 минута водеа со 23-21. Тоа беше сигнал за Алушовски да побара тајм аут.

 Брзо се наместија „нишанските справи", одбраната стана поагресовна. Најиксунсите, Чупиќ и Дибиров ги земаа сите работи во свои раце во нападот, и после трите одбрани на Ристовски, постигнувавме голови. Во 58 минута Дибиров израмни на 24-24, а во последната Чупиќ реализираше за 25-24. Не делеа 33 секунди од победата. Гостите има неуспешен цепелин, но топката стигна до Ареиа и од немајкаде ја исфрли топката која незгодно и незреќно заврши под раката на нашиот голман, за реми, 25-25.

* Live-ticker (движење на резултатот)

statistika_vardar_1961_vs_porto.pdf

Фото галерија од натпреварот

 

Магнус Андерсон - тренер на Порто
"Беше тежок натпревар. Малку сум среќен што освоивме бод во последната секунда, но разочаран што загубивме бод. Заслуживме да победиме денес, имавме многу добри шанси и се боревме многу. Но, немавме среќа во некои важни моменти ".

Иван Слишковиќ - играч на Порто
"Горд сум на тоа како се боревме и како го одигравме овој натпревар. Посакувам да продолжиме да играме вака и на Вардар му посакам се најдобро".

Стевче Алушовски - тренер на Вардар 1961
"Очекувавме тежок натпревар, бидејќи тие играат добро 7-6 и тоа се оствари. На крајот, немавме среќа да победиме, но можеби Порто го заслужи својот бод. Тие добро ја проучиле нашата игра. Голем хендикеп за нас беше отсуството на Дисингер. Освен Марко Вујин, немавме шутер однадвор. Бевме добро затворени. Имавме голем проблем во нападот. Одбраната беше добра. Сакам да им честитам на моите момци, се вративме од загубен натпревар и конечно освоивме важен бод за нас".

Марко Вујин - играч на Вардар 1961
"Честитки за Порто. Имавме многу проблеми во нападот, поврзани со технички грешки и промашени удари. Се надевам дека на следните натпревари ќе го исправиме тоа. Поделбата на бодовите беше реална, бидејќи не бевме на исто ниво како со Флензбург. Можеби треба да бидеме среќни што добивме бод. Се надевам дека на следниот натпревар ќе бидеме подобри ".

 

четврток, 22 октомври 2020 - 22:58