Осуммина вардарци на списокот на селекторот Лазаров

Новиот селектор на македонската ракометна репрезентација Кирил ЛАзаров го објави поширокиот список на играчи за двата дуели со Данска во рамките од квалификациите за ЕП 2022 година.

На списокот се наоѓаат и осум играчи од Вардар1961: МАрко Кизиќ, Димитар Димитриоски, Гоце Георгиевски, Томислав Јагуриновски, Стојанче Стоилов, Филип Талески, Марко Мишевски и Мартин Карапалевски.

Во стручниот штаб на репрезентацијата се наоѓаат Филип Миркуловски, Барнислав Ангеловски, Ацо Јоноски и Билјана Црвенковска.

Третиот натпревар во квалификациската групна фаза сениорите ќе го одиграат на 11.03.2021 (четврток) против репрезентацијата на Данска во СЦ "Борис Трајковски".

Четвртот натпревар ќе се одигра во Алборг, Данска на 14.03.2021 (недела).

poshirok-spisok-kiril-lazarov-1.pdf

петок, 19 февруари 2021 - 11:36