Огромна победа, Вардар го уништи Кјелце

Вардар му покажа на Кјелце кој е кој во групата Б од Лигата на шампионите совладувајќи го со 34-24, во вечерашниот меч во „Јане Сандански".

Нашите момци одиграа извонреден меч, беа фантастични 60 минути, а особено во второто полувреме кое го добија со 16-10. Тогаш Арпад Штербик почна да брани како што само тој умее, запишувајќи дури девет одбрани само во вториот дел. Спречи два од петте седмерци на гостите, а други два тие самите ги промашија и искористија само еден.

Меѓутоа, Вардар водеше и пред доминацијата во вториот дел. Почна уште од најраните минути на мечот, кога отвори со 3-1, а во 11. минута дојде и до 6-2. Во продолжение се играше ефикасно ,со голови и на двете страни, додека голманите беа во сенка. Бјелецки и Јурецки беа лидери на Кјелце, додека кај Вардар најчесто погодуваа Горбок, Душебаев и Дибиров.

Во 15. минута водевме со 9-6, а веќе по 20. минута, нашето водство почна да расте и на четири на пет гола. По 14-11 во 25. минута, Вардар се одлепи на 17-12, а малку требаше да има плус пет и на полувреме, но Лацковиќ не успеа да реализира контра, па сирената се огласи при резултат 18-14.

Второто полувреме го отворивме со извонредна серија од 6-1, за 24-15 во 37. минута, а девет минути подоцна и првпат дојдовме до 10 разлика, 30-20. Штербик веќе беше влезен во својот ритам, па од 42. до 55. минута Кјелце постигна само еден гол. Највисоката предност Вардар ја имаше во 55. минута со 34-32.

Ова беше петта победа за Вардар во шестиот меч во ЛШ и со неа сега имаме 10 бода на првото место на табелата.

сабота, 24 октомври 2015 - 20:26