
ЕХФ во соработка со клубовите учесници и ТВ куќи кои ги имаат откупено ТВ правата ги одредија термините и саатниците за првите 10 кола од групите во ЕХФ лигата на шампионите.
Вардар сезоната ја почнува со гостување во Франција кај Монпелје на 14 септември, а 10. коло ќе го одигра дома со Веспрем на 1 декмеври. Вкупно ќе има 14 кола, а другите 4 кола ќе се одиграат откако ќе заврши ЕП во јануари 2020 година.
Вардар е во група со Веспрем, Мотор Запорожје, Кјелце, Порто, Кил, Монпелје и Мешков.
Распоред и саатници:
1 коло - 14 септември (17,15 часот)
Монпелје - Вардар
2 коло - 22 септември (17 часот)
Вардар - Порто
3 коло - 29 септмеври (18 часот - локално време)
Мотор - Вардар
4 коло - 12 октомври (17,15 часот)
Вардар - Кил
5 коло - 19 октомври (17,15)
Веспрем - Вардар
6 коло 3 ноември (19 часот)
Вардар - Мешков
7 коло - 9 ноември (17,30)
Вардар - Кјелце
8 коло - 13/17 ноември
Кјелце - Вардар
9 коло - 23 ноември (18 ч. - локално време)
Мешков - Вардар
10 коло - 1 декември (17 ч.)
Вардар - Веспрем