Одредени термините за осминафиналните дуели со ПИК Сегед

ЕХФ во соработка со клубовите и ТВ куќите кои ги вршат преносите од лигата на шампионите ги одредија термините и саатниците за осминафиналните дуели. Вардар во осмина-финалето ќе игра со ПИК Сегед. Првиот меч е во Скопје, а реваншот во Сегед, Унгарија.

СЦ „Јане Сандански" ќе биде домаќин на 22 март (недела) со почеток во 17 часот.
Реваншот се игра следната недела, 29 март со почеток во 17 часот.

Победникот од овој дуел ќе игра во четврт-финалето против победникот од средбата Висла - Веспрем.

 

вторник, 3 март 2020 - 10:32