Одредени термините на мечевите од првите десет кола во ЛШ

Европската ракометна федерација во соработка со клубовите домаќини и ТВ куќи што ги имаат правата за пренесување на мечевите од лигата на шампионите во сезоната 2018.2019 година ги одредија саатниците на натпреварите од првите десет кола што се играат годинава.

Единствениот натпревар за кој се уште немаме термин и саатница е оној во Барселона во периодот од 14 до 18 ноември. Очекуваме наскоро и за тој да ги добиеме сите потребни информации.

Почнуваме со Монпелје, актуелниот европски првак и тоа на 15 септември. Средбата е закажана за 17,30 часот. На пет средби сме домаќини годинава. Преостанатите четири натпревари од групната фаза ќе ги играме по завршувањето на СП што е во јануари 2019 година.

Вардар е во група со екипите на Монпелје, Кристијанштад, Веспрем, Рајн Некар, Мешков, Барселона и Кјелце. Првиот од групата директно ќе се пласира во четвртфиналето, а оние од второ до шесто место ќе играат прво во осминафинале со екипите од другата група.

Распоред на натпревари:

1 коло - 15.09.2018
Монпелје - Вардар (17,30 часот)

2 коло - 22.09.2018
Вардар - Кристијанштад (17,30 ч. СЦ „Јане Сандански")

3 коло - 29.09.2018
Веспрем - Вардар (17,30 ч.)

4. коло - 06.10.2018
Вардар - Рајн Некар (17,30 ч. СЦ „Јане Сандански")

5. коло - 14.10.2018
Кјелце - Вардар (17 ч.)

6. коло - 03.11.2018
Вардар - Мешков (17,30 ч. СЦ „Јане Сандански")

7. коло - 10.11.2018
Вардар - Барселона (17,30 ч. СЦ „Јане Сандански")

8. коло - 14/18.11. 2018
Барселона - Вардар

9. коло - 24.11.2018
Мешков - Вардар (19 ч.)

10. коло - 01.12.2018
Вардар - Кјелце (17,30 ч. СЦ „Јане Сандански")

среда, 1 август 2018 - 19:11