Одреден терминот за реванш дуелот со Нексе

Вардар 1961 е на чекор до пласман на завршниот турнир во СЕХА Газпром лигата, а пред одбрана на титулата ни претстои реванш четвртфиналниот меч со хрватски Нексе. истиот беше предвидено да се игра во март, но поради пандемијата со Ковид-19 истиот беше одложен. Сега стигна потврдата за одигрувањето на истиот.

СЕХА лигата заедно со Вардар 1961 се договорија средбата да се одигра на 29 август во Скопје со почеток во 20,15 часот. Предвидено е од истиот меч да има ТВ пренос на МТВ 1 и МТВ3 и Арена ТВ. Поради преораките за одржување на спортски натпревари на истиот натпревар НЕМА ДА ИМА ПРИСУСТВО НА ГЛЕДАЧИ.

Првиот меч во Хрватска го доби Вардар со 31-30. Вардар е еден од двата тима во СЕХА лигата што досега настапувал на сите девет Ф4 турнири. „Црвено-црните" се петкратни победници на лигата, и најуспешен тим во историјата на ова регионално натпреварување.

Покрај Вардар 1961 реванш четвртфинален меч треба да одиграат и екипите на Веспрем и на Војводина. Тој дуел е закажан за 25 август.
Досега пласман на Ф4 турнирот имаат обезбедено екипите на ППД Загреб и на Мешков Брест.

 

вторник, 11 август 2020 - 11:23