Одложени натпреварите со Нексе и со ПИК Сегед

Следните два натпревари на Вардар се одложени на неодредено време. Во недела требаше да се игра реванш средбата од четврт-финалето на СЕХА Газпром лигата со НЕКСЕ, а на 22 март требаше да бидеме домаќини на првиот осминафинален дуел со ПИК Сегед.

Раководството на СЕХА донесе одлука да го одложи овој натпревар и оној меѓу Веспрем и Војводина поради актуелната ситуација со коронавирусот и потешкотиите со кои се соочија гостинските екипи при патувањето.
Уште вчера нашиот клуб побара одложување на истиот натпревар.

Натпреварите се одложени на неодредено време и наскоро од канцеларијата на СЕХА би требало да информираат за следните чекори.

Истото се однесува и за натпреварите од ЕХФ лигата на шампионите. ЕХФ информираше дека се одложени сите натпревари од европските купови на неодредено време.

петок, 13 март 2020 - 13:09