ОДЛОЖЕН натпреварот Флензбург - Вардар 1961

Иако до последен момент имаше навестувања дека германските власти ќе дозволат одигрување на натпреварот Флензбург - Вардар, истиот во последен момент е ОДЛОЖЕН.

Причината за одложувањето е последното гостување на Вардар 1961 во Португалија. Бидејќи Португалија е во "црвена зона" германските власти бараат тимот на Вардар 1961 да биде во карантин доколку пристигне во Германија и сакаат да го играат натпреварот.

Планирано беше натпреварот со Флензбург да се одигра на 11 февруари во 18,45 часот во Германија.

За одигрување на истиот меч ќе се бара друг термин и координација со двете екипи.

вторник, 9 февруари 2021 - 13:24