Одложен е натпреварот Вардар 1961 - Елверум

Натпреварот од 2 коло од ЕХФ лигата на шампионите меѓу Вардар 1961 и Елверум што требаше да се одигра на 24 септември 2020 година во Скопје Е ОДЛОЖЕН.

Поради рестрикциите од страна на Норвешка поврзани со патувањето на тимот на Елверум во Скопје, и потоа задолжителното задржување во карантин по враќањето во земјата е причина за одложување на натпреварот.

Во писмото од ЕХФ до клубовите се вели дека и претходно целта била да нема долго задржување на екипите во карантин, особено н ево ЕХФ лигата на шампионите каде сезоната во групната фаза треба да трае до крајот на февруари 2021 година.

ЕХФ ќе остане во контакт со клубовите и ќе работи на дефинирање на нов датум на одржување на средбата.

 

понеделник, 21 Септември 2020 - 17:16